• сабота, 22 февруари 2025

Општина Гази Баба доделува 11 милиони денари финансиска поддршка за спортот 

Општина Гази Баба доделува 11 милиони денари финансиска поддршка за спортот 

Скопје, 6 февруари 2025 (МИА) - Општина Гази Баба објави Јавен оглас за прибирање на барања за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации што се одржуваат во општина Гази Баба за 2025 година.

За јавниот оглас, на социјалните мрежи денеска информирал градоначалникот Бобан Стефковски, кој објавил дека оваа година доделува финансиски средства за поддршка на спортот во висина од 11 милиони денари, што претставува историски најголема финансиска поддршка за спортот во една календарска година. 

Како што денеска соопштија од Општина Гази Баба, на јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во општина Гази Баба, чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на општина Гази Баба.

Јавниот оглас трае до 17.02.2025 година.

Фото: Фејсбук на градоначалникот Бобан Стефковски

 

Остани поврзан